Заборавајќи

Дали ја загуби сребрената?
“Не!“, рече збунето тој,
“ја закопав далеку во минатото“

Полниот месецот се разлеа
под шумата, и тој погледна наоколу.
Сенките на дрвата се разбегаа
и ветерот се стиши.
Дали ја најде виолетовата?
“Престанав да барам!“, рече тој,
“И таа е закопана“, рече тажно,
“помеѓу другите бои“

Дали се скри повторно вчера?
“Да, секогаш успевам да се скријам!“,
шепна тој тивко,
“Позади моите бои“, се присети,
“сребро и срцето што гори“.

И чекори во шумата сонувајќи,
заслепен од полниот месец,
Заборавајќи на
кутијата со слики,
кутијата со ѕвезди,
виолетовата и сребрената.

Categories: writings, македонски, написи, поеми | By Todor | January 12, 2020 @ 4:59 pm

Виолетова и сребрена

Исполнети денови во
кутија со слики,
кутија со ѕвезди,
виолетова и сребрена.

Дали ја слушна пролетта?
“Погледнав“, рече тој,
“беше позади сликите,
во кутијата,
покриена со снег,
виолетова и сребрена.“

Дали се скри?
“Да, позади месецот се скрив“,
шепна тој тивко,
“додека заводливо
тонеше во асфалтот“,
разлевајќи магепсна
виолетова и сребрена.

Categories: poems, writings, македонски, написи, поеми | By Todor | @ 4:36 pm

TZSiS.com | TS.TZSiS.com | 2024 | Weblog powered by WordPress with a modified Barecity theme