Заборавајќи

Дали ја загуби сребрената?
“Не!“, рече збунето тој,
“ја закопав далеку во минатото“

Полниот месецот се разлеа
под шумата, и тој погледна наоколу.
Сенките на дрвата се разбегаа
и ветерот се стиши.
Дали ја најде виолетовата?
“Престанав да барам!“, рече тој,
“И таа е закопана“, рече тажно,
“помеѓу другите бои“

Дали се скри повторно вчера?
“Да, секогаш успевам да се скријам!“,
шепна тој тивко,
“Позади моите бои“, се присети,
“сребро и срцето што гори“.

И чекори во шумата сонувајќи,
заслепен од полниот месец,
Заборавајќи на
кутијата со слики,
кутијата со ѕвезди,
виолетовата и сребрената.

Categories: writings, македонски, написи, поеми | By Todor | January 12, 2020 @ 4:59 pm

Виолетова и сребрена

Исполнети денови во
кутија со слики,
кутија со ѕвезди,
виолетова и сребрена.

Дали ја слушна пролетта?
“Погледнав“, рече тој,
“беше позади сликите,
во кутијата,
покриена со снег,
виолетова и сребрена.“

Дали се скри?
“Да, позади месецот се скрив“,
шепна тој тивко,
“додека заводливо
тонеше во асфалтот“,
разлевајќи магепсна
виолетова и сребрена.

Categories: poems, writings, македонски, написи, поеми | By Todor | @ 4:36 pm

Додека небото сивее

Додека небото сожалуваше,
додека небото сивееше,
тој чекори повторно
покрај оградата
каде всушност никој не поминува.
Си игра со жиците
до песната за есента.
Додека небото сивее.

Categories: 30, написи Tags: , , | By Todor | November 22, 2010 @ 11:11 pm

30

Триесет.

Categories: 30, architecture, environment, planning, writings, архитектура, написи, околина, планирање Tags: | By Todor | November 18, 2010 @ 1:51 am

TZSiS.com | TS.TZSiS.com | 2024 | Weblog powered by WordPress with a modified Barecity theme